Технологија

Марјан Блажевски (Samsung Electronics Adriatic): “Не би сакале да се споредуваме со конкуренцијата“

Напишано од Mr. M

Конечно и официјално се запознавме со новите Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ серијата. Долго се зборуваше за овие модели и за нивните каратеристики кои што ги нудат. Нашиот тим беше присутен на претстаувувањето на овие модели и се запознавме со сите опции кои ги има овој паметен телефон и мора да признаеме дека Новата Galaxy Note10 серија е дизајнирана да ги задоволи потребите на најпребирливите бизнис корисници, но и на креативците, овозможувајќи им да го постигнат својот максимум во секојдневните предизвици.

Врвниот, надграден Dynamic AMOLED екран, професионалната камера, подобрениот S Pen, супер брзото полнење и неверојатната поврзаност со други уреди, претставува гаранција на корисниците дека ќе имаат квалитетно искуство со овој телефон.

Сепак сега се поставуав прашањето, дали оваа серија на Samsung може да го стави во сенка одличниот успех на Huawei со моделот P30 Pro. Овој телефон направи неверојатно доби резултати и се здоби епитетот најдобар паметен телефон на денешницата кој некогаш бил направен.

Овој модел на Huawei е најголем конкурент на Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ серијата па го прашавме Марјан Блажевски, какви се вашите очекувања за Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ за оваа година, бидејќи Huawei имаше навстина добри и успешни резултати со нивниот  P30 Pro.

Очекувањата за оваа серија како и секогаш се големи. Кажав дека нашиот производ е уникатен и не би сакале да се споредуваме со конкуренцијата. Гарантирано е дека нашиот уред ги има врввните перформанси и најголемите иновации на денешниот пазар на паметни телефони.

Повеќе информации за Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ побарајте на:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-note10/

За авторот

Mr. M