Економија

Марк Закерберг е бизнисменот со најмногу загубено богатсво во 2018 година

Напишано од Mr. M

Целата 2018 година беше доста динамична и доста турбулентна година за целиот свет. Се случија многу пресврти во бизнис светот. За некого оваа година беше супер и успешна, но за некого и не баш. 🙂

Според еден од најпознатите светски магазини, Форбс, Марк Закерберг во 2018 година, загубил неверојатни 18,7 милијарди долари поради скандалите кои што се случија во неговата компанија.

Како што кажавме погоре, за некого оваа 2018 година беше една од најуспешните. Директорот на Амазон, Џеф Безос го зголеми своето богатсво за 27,9 милијарди долари. Јапонскиот милијардер Ташади Јанаји, исто така имаше успешна година, па тој го зголеми своето богатсво за 7 милијарди долари.

На трето место како добитник за 2018 година е извршниот директор на компанијата Лукиол, Вагит Алекперов, кој го зголемил своето богатство за 4,6 милијарди долари.

 

За авторот

Mr. M