Интервјуа

Мартин Милевски: “Овозможуваме комплетни логистички решенија од врата до врата“

Напишано од Mr. M

Бизнис Деливери 10 е нова компанија за брза пошта која што работи во рамките на целата територијата на Р.Македонија. Денеска имавме можност да разговараме со основачот и сопственикот на компанијата Мартин Милевски, кој отворено и искрено зборува приказната која што се крие позади брендот.

Боми 10 Логистик е темелот на Вашата групација, може ли подетално да не запознаеш со што се занимавате?

Боми 10 Логистик е компанија за меѓународен транспорт и шпедиција која постои веќе од 35 години на пазарот. Надвор од тоа нудиме и складирање на стока во и вон царински надзор, како и комплетни 3ПЛ решенија, кои подразбираат организирање на меѓународен транспорт, увозни/извозни процедури, шпедиција, складирање, магацинско работење, односно пакување по налог, како и достава до краен клиент. Делот со доставата е резервиран за Бизнис Деливери 10 кој за мене претставува последното парче од мозаикот.

2020та година беше тешка година за сите, но мора да признаеме дека покажавте навистина храброст што започнавте толку голем проект и голема компанија во ова време. Како се справувате со сите предизвици кои се пред вас?

Компаниите кои најбрзо се адаптираа на новонастанатата ситуација, најбрзо се справија со предизвиците. Ние како групација секогаш се водиме според потребите на клиентите, па во време на пандемија каде меѓународниот транспорт беше ограничен креиравме бизнис модел соодветен за корисниците на внатрешно ниво. Од тука се роди и идејата за Бизнис Деливери 10 преку која овозможуваме комплетни логистички решенија од врата до врата на територија на целата држава.

Како ја задржувате мотивацијата, како што кажавме оваа година беше исполнета со предизвици?

Повеќе би рекол дека е поважно да се задржи дисциплината, кај мене тоа е тајната за успех. Јас и моите колеги поставуваме цели, креираме план за достигнување на целите и сме прилично дисциплинирани во тој дел. Дисциплината во работењето е дефинитивно еден од основните постулати доколку сакате да направите нешто што сте го зацртале.

Конкуренцијата во оваа индустрија и овој бизнис е голема. Може ли да ни кажете што е она што ве издвојува од конкуренцијата бидејќи трендовите и технологијата се менуваат многу брзо?

Ние сме професионалци во нашата дејност, тоа е докажано преку нашето долгогошино постоење. Конкуренцијата е здрава, се додека е лојална. За жал во нашиот сектор има многу нелојална конкуренција, но нашиот бизнис модел е заснован на квалитет овозможен преку сериозни инвестиции во ресурси и луѓе.

Сеуште сте релативно нови на пазарот, но веќе голема база на клиенти кои што ги претставувате. На што се должи овој успех?

Она што не издвојува од конкурекцијата е како што спомнав погоре е традиција (постоиме повеќе од 30 години и имаме огромно портфолио на задоволни Клиенти). Овозможуваме комплетни логистички решенија за мали и средни бизниси, располагаме со најсовремен софтвер за следење на поштенски пратки како и одличен тим со долгогодишно искуство во дејноста без кој не би постигнале волкав успех.

Кои се вашите цели за 2021 година?

Работиме на неколку проекти за авотматизација. Во оваа дигитална ера за нас е најважно да ги следиме трендовите и да овозможиме сигурност и брзина во доставата. Надвор од странардните услуги ќе ставиме акцент на комплетни логистички решенија за Е-трговци, како и проширување на деловната мрежа, но тоа е долгорочен план што опфаќа подолг период.

Она што е навистина импресионнирачки е што сте релативно млад претприемач. Може ли да дадеш еден совет за младите кои сакаат да започнат нешто свое? Што според тебе е клучот за успех и дали младите се спремни да ризикуваат?

Пасија за успех, дисциплина и интегритет, односно исполнување на ветеното според мене е клуч за реализација. На младите претприемачи би им препорачал да работат паметно и да ја задржат позитивната вибрација.

Би сакале да ве запознаеме и малку приватно, како успеваш да направиш баланс помеѓу приватните и работните обврски?

Приватно сум сопруг и татко, имам две прекрасни дечиња. Балансот е важен во секој сегмент од живеењето, мене семејството ми ги „полни батериите“ и без таа поддршка се би било потешко. Како што кажав и во претходниот одговор, со добра дисциплина, едноставно ќе можете да направите баланс за се во животот.

Дали сметаш дека претприемачкиот дух е нешто што треба да се поседува или е нешто што може да се научи?

Искуството си го прави своето. Ние како луѓе имаме вродена дарба да сме во постојано учење, нема совршени претприемачи има лекции и успеси.

Дали вашата компанија нуди услуги низ цела Македонија или на почетокот се фокусиравте на главниот град Скопје?

Бизнис Деливери 10 има покриеност на територија на целата земја, вршиме и достава на мали поштенски пратки, но габаритна палетизирана и не палетизирана стока. Апсолутно сме флексибилни и за креирање на „нови услуги по мерка“ .

Како долгогодишен член на една од најпознатите логистички компании со традиција кај нас, Боми10 имавте можност да ја надгледувате работата на компанијата и да видите како се гради доверба и позитивна слика за еден бренд. Што најмногу научивте од тоа?

Боми 10 Логистик има големо портфолио на клиенти, мисијата се заснова на квалитет, брзина на одговор на барањата на клиентите, експедитивност и доверба. Во компанијата се негуваат традиционални вредности и релации.

Во Македонија постои еден генерален проблем, а тоа е малата недеоверба кон компаниите за достава и пратки… Дали се сложувате и што сметате дека е најпотребно за да се промени тоа?

Логистиката е дејност која бара големи инвестиции и се заснова на Јапонискиот “Just in time” метод. Генералната перцепција која ја има населението за оваа дејност е креирана благодарение на компании кои без сериозност влегуваат на овој пазар кој ни малку не дозволува импровизации. Ние во Бизнис Деливери 10 работиме по процедури и за нас точноста е најважната алка од синџирот, верувам дека тоа ќе ни овозможи раст и стабилност.

За авторот

Mr. M