Стил

Машка мода: Најдобрите модни јутјубери кои вреди да ги следите

Напишано од Mr. M

Ако сте еден од оние мажи, кои постојано ги следат модните трендови, веројатно знаете колку се важни блогерите и инфлуенсерите, бидејќи тие се оние кои што ни ги преставуваат најновите модни парчиња од светските брендови и ни преставуваат како правилно да ги носиме.

Доста влијателни во светот на модата се јутјуберите кои ако ги разгледате нивните канали ќе имате многу што да научите кога станува збор за трендовите. Еве неколку наши предлози кои вреди да ги следите…

Јутјубскиот моден гуру Тим Десент кој израснал во Париз, а денеска живее во Сиднеј. Тој е познат по неговата врна машка мода и начинот на кој ја претставува.

Даниел Симонс е познат по три работи. Мода, фитнес и квалитетен животен стил.

Gent’s Lounge, име кое одлично се вклопува за овој канал. Модата е примарна, но, исто така, ќе откриете видеа за сè, како да готвите сочен стек, каде да најдете квалитетен часовник и сл…

Машкиот моден јутјубер Џордан О’Брајан се опишува себе си како момче кое сака да се облекува убаво и сака да сподели како го прави тоа.

Робин Џејмс од Велика Британија го нарекува својот канал на YouTube, A Man for Himself.

 

 

За авторот

Mr. M