Стил

Машки моден водич за белата боја…

Напишано од Mr. M

Ако сакате да изгледате чисто, елегантно и модерно, тогаш ви ја препорачуваме белата боја. Во светот на боите, секоја боја си има свои нијанси, па истото важи и за белата боја. Различните нијанси на белата боја можете да ги комбинирате па лесно може да направите целосно бели модни комбинации. Со правилен избор на модни додатоци во контрасни бои, вие ќе имате впечатлив изглед.

Голема улога во белите модни комбинации имаат материјалите и текстурата. Мат платно во комбинација со мек памук е нешто што можете да го испробате и ќе го видите ефектот.

Маица, кошула, панталони, блејзер…

Секој маж во својот гардеробер треба да има класична бела маица за секојдневно носење. Освен тоа неизбежно модно парче е белата кошула. Ако носите едноставна бела маица, можете да ја искомбинирате со бели панталони или фармерки и бел блејзер.

За авторот

Mr. M