Психологија

Машки реченици кои може да ја уништат врската со партнерката

Напишано од Mr. M

Зборовите се моќни и затоа многу треба да внимавате што зборувате. Зборовите освојуваат, насмејуваат и разочаруваат. Лошите зборови може негативно да влијаат на односот со вашата партнерка, затоа немојте секогаш да го кажувате она што го мислите.

„Ако навистина така мислиш, тогаш не треба да бидеме заедно“ – ако дојде да ја кажете оваа реченица, тогаш навистина сте многу лути. Навистина е некогаш тешко да прифатите нешто што се разликува од она во што верувате. Ако поради некоја работа се чувствувате разочарани или издадени, вие треба да ги искажете своите чувства, но треба да ги искажете на фин начин.

„Не те сакам повеќе“ – Ова е навистина непотребна реченица, освен ако не е вистина. Оваа реченица најчесто се кажува во нервоза и фрустрација. Ако имате желба за одмазда најдобро е тоа да го кажете, отколку да манипулирате со чувствата.

„Тоа е навистина глупаво, немој да бидеш глупава“– Вашата партнерка се однесува нерационално и вие веднаш ја обвинувате. Пред било што да кажете на партнерката, убаво размислете. Размислете дека жение често се однесуваат интуитивно, а не логично.

Резултат со слика за men relationship

„Немаме за што да разговараме“– Ако избегнувате да се соочите со некој проблем кој вашата партнерка го забележува е само продолжување на проблемот. Во ситуација да избегнете кавга, понекогаш се одлучувате да ги потиснете работите, но после одреден период тие повторно излегуваат на виделина. Подобро разговарајте веднаш, ако треба и искарајте се.

„Немој да драмиш“– Никој не се опуштил кога некој ќе му каже да се опушти во ситуации кога е вознемирен. Наместо да бидете некој кој не може да го поднесе однесувањето на партнерката кога е нервозна, разговарајте со неа и дознајте што е тоа што ја вознемирува. Доволно е само да ја сослушате и да бидете тука за неа.

За авторот

Mr. M