Спортски вести

Матијас де Лихт е новиот играч на Јувентус

Напишано од Mr. N

Јувентус победи во трката за еден од најбараните дефанзивци во Европа, Матијас де Лихт, кој утрово пристигна на лекарски прегледи во Торино.

Доцна синоќа Де Лихт слета во Торино за да го комплетира големиот трансфер во Јувентус вреден околу 75 милиони евра.

Утринава тој ги почна медицинските тестови, а во текот на денот се очекува да стави потпис на петгодишен договор со плата од 7,5 милиони евра плус 4,5 во бонуси.

Де Лихт следниот месец полни 20 години, но веќе делува како исклучително зрел играч, поради тоа беше и капитен на Ајакс кој беше пријатно изненадување во Лигата на шампионите.

Јувентус ја доби трката со ПСЖ, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед кои исто така се поврзуваа со Де Лихт.

За авторот

Mr. N