Кариера

МАЖИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2019: Билал Суџубаши

Напишано од Mr. M

Еден од странските менаџери во Македонија кој најмногу се има истакнато последниве неколку години е дефинитивно г-динот Билал Суџубаши, генералниот директор на Халкбанк АД Скопје. Токму затоа тој се најде во листата на мажи кои ја одбележаа 2019 година.

Под негово раководство Халкбанк АД Скопје прерасна во една од најиновативните и модерни банки во Македонија преку лансирање на голем број на проекти. Освен тоа, тој ја направи Халкбанк, компанија со општествена одговорност која внимава на општеството и пред се на животната средина.

Приказната за Халкбанк во Македонија започнува во 2011 година и денеска е најбрзорастечка банка и четврта банка во државата што е навистина за почит.

Да се живее и да се создава во друга држава е навистина тешко, но посветеноста кон работата која ја има г-дин Билал Суџубаши ја преточува во неговите успеси како на компанијата така и на личен план.

Како што кажавме има голем број на успешни проекти кои што банката ги реализираше под раководство на г-динот Билал. Во 2019 година Халкбанк отврои своја осигурителна компанија, го доби престижното признание за придонес кон развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „Креатори на столетието“ за 2018 г., повоторно го поддржуваа Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, беа поддржувачи на македонската ракометна репрезентација, ја лансираа мобилната апликација ХалкЕКО која има големо значење во однос на општествената одговорност на банката.

Една од главните и клучните цели на банката е да има задоволни и добро услужени клиенти, па како што вели и самиот г-дин Билал, задоволството е уште поголемо кога позитивните впечатоци доаѓаат од трети страни, а особено од клиентите, правни или физички лица, на кои банката им овозможила да им се олесни нивното секојдневно работење и реализацијата на нивните цели.

Сите овие работи покажуваат дека Халкбанк АД Скопје цврсто оди напред и се искачува на финансискиот пазар во земјата па очекуваме оваа 2020 година, уште поголеми успеси за компанијата и за г-динот Билал Суџубаши.

Image result for билал суџубаши

За авторот

Mr. M