Кариера

МАЖИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2019: Џијан Емин

Напишано од Mr. M

Македонија во изминатата 2019 година може навистина да се пофали со успеси во полето на културата, а доказ за тоа е нашиот уметник Џијан Емин, композитор, мулти-инструменталист, аранжер, продуцент и диригент во националната Филхармонија. Тој е еден од мажите кои дефинитивно ја одбележаа 2019 година.

Ако сте слушнале за масовните концерти “Пинк Флојд” и “Скопје за Боуви” во Градскиот Парк или “Музика Универзалис” во охридскиот Антички Театар, сигурно сте го запомниле името Џијан Емин. Овој музички уметник со раскошна позадина стои зад пултот на Македонската Филхармонија како диригент и оркестратор на повеќе значајни проекти во изминативе години.

Image result for џијан емин

Диригент бил на неколку оркестри, меѓу кои: “Detroit Symphony Orchestra”, “Melbourne Symphony Orchestra”, “Parisian Orchestre Lamoureux”, “Orchestra de Cannes”, Белградската филхармонија, “Danubia Orchestra Obuda – Budapest”. Македонската Филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин го одржа концертот со Хуан Аткинс на Античкиот Театар во Охрид, како и два концерти со познатиот африкански џез-музичар Феми Кути и неговиот бенд “Позитив Форс” во Скопје и Белград.

Џијан Емин исто така одржа концерт со Хуан Аткинс на големиот фестивал за електронска музика Echowaves во Грузија, кади настапи заедно со националниот симфониски оркестар на Грузија.

Image result for џијан емин

Тој важи за еден e од највредните творци на современата домашна музичка сцена. 2019 година беше една од најуспешните во неговата кариера пред се поради концертот во една од најпрестижните сали во светот – Ројал фестивал хол во Лондон и двата големи концерта со Македонската филхармонија во Градскиот парк во Скопје.

Image result for џијан емин

За авторот

Mr. M