Кариера

МАЖИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2019: Пере Самандов

Напишано од Mr. M

На листата на мажи кои ја одбележаа оваа 2019 година во Макадеонија се најде уште еден успешен македонски претприемач кој што не инспирираше со неговиот лик и дело. Станува збор за г-дин Самандов Пере, основач и извршен директор на македонската компанија за архитектура и градежништво Паоло Сабор. Компанија која се занимава со проектирање, надзор и изградба на градби од втора категорија. Главна дејност на брендот е надзорот на градби и консултантските услуги како составен дел од палетата на услуги кои компанијата активно ги развива и нуди.

Она што го одликува Пере како личност е неговата смиреност, сталоженост и визија за работите која што го инспирира да оди напред и посотјано да ги поместува границите како на личен, така и на професионален план.

Тој е еден од ретките бизнисмени кај нас кој го истакнува неговиот префинет животен стил преку кој можеме да ја отркиеме формулата за тоа што претсавува еден успешен маж во светот на бизнисот. На страна од неговата успешна кариера, тој активно води квалитетен животен стил на секое поле. Секогаш дотеран и на ниво за секоја пригода.

Она по што тој се издвојува од останатите е што успеа да создаде бренд според најсовремените и иновативни компании во светот кои нудат онлајн продажба, услуги и консултации за своите клиенти достапни од било кое место и во било кое време. Со ваква идеjа и пристап во дејноста неговата компанија Паоло Сабор создаде иновација во проектирањето и консалтингот во архитектурата и градежништвото. Станува збор за развој на концептот Онлајн архитект и “Прашај го Паоло Сабор”, први и единствени услуги од ваков тип  на нашите простори.

Image may contain: 2 people, people standing and indoor

Image may contain: 4 people, people smiling, indoor

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. M