Кариера

МАЖИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2019: Сашо Наумоски

Напишано од Mr. M

Не само изминатата 2019 година, Сашо Наумоски е бизнисменот кој ја одбележа последната деценија. Денеска на листата на мажи кои ја одбележаа 2019 година се најде Сашо Наумоски, генералниот извршен директор на една од најуспешните македонски компании Витаминка.

Сашо важи за еден од најпознатите бизнисмени кои ги има Македонија бидејќи е лидер на компанијата која покрај тоа што има успех кај нас, може да се пофали со успех и надвор од границите на нашата држава. Витаминка е фамилијарна компанија која има повеќе од 60 години традиција, па да го наследите сето тоа и успешно да го водите е голем предизвик и одговорност. Компанијата денеска ги извезува своите производи на повеќе од 30 странски пазари.

Резултат со слика за сашо наумоски

Уште од неговите почетоци од првото појаување во компанијата, Сашо Наумоски со поддршка од фамилијата израсна во бизнисмен кој има навистина големо чувство за бизнис. Неговата работна етика, прецизноста и одлучноста се најважните карактеристики кои што го изградија Сашо во бизнисмен и лидер. Сашо важи за упорен човек кој никогаш не застанува и не се откажува од своите замисли.

Резултат со слика за сашо наумоски

Доказ за неговите квалитети се одличните резултати на компанијата која што ги имаше во измината 2019 година. Витаминка е компанија која има континуриарн раст.

 

За авторот

Mr. M