Мажот во очите на жената

Мажите го доживуваат успехот на својата партнерка како свој неуспех?

Напишано од Mr. N

Самодовербата на мажите може да биде нарушена со успехот на нивните партнерки, покажало новото истражување на Американската психолошка асоцијација.

Жените , напротив, се чувствуваат подобро во врската кога нивниот партнер успеал во нешто важно. Истражувањето спроведено на околу илјада хетеросексуалци, покажало дека мажите потсвесно имаат голeм проблем со самопочитта, кога нивната партнерка успее во нешто што на нив не им успеало.

„Има смисла дека мажот се чувствува загрозено кога неговата девојка или сопруга успее во нешто во што тој не успеал.‘‘- вели Кејт Ратлиф, главната авторка на студијата на Универзитетот во Флорида.

„Оваа студија покажала дека мажите го доживуваат успехот на своите партнерки како свој неуспех“.

Експеримент спроведен во Холандија и во Универзитет во Вирџинија исто така покажал изненадувачки резултати. Парови решавале одреден тест, и на секоја особа поединечно и е кажано дека нејзиниот  или неговиот партнер по освоените бодови се наоѓа во првите или последите 12 проценти од сите студенти на универзитетот.

Иако немало видливи промени во нивната самодоверба, потсвесната реакција на мажите покажала дека се чувствуваат лошо откако им било кажано дека нивната партнерка со своите резултати од тестот се наоѓа во првите 12 проценти.

За авторот

Mr. N