Фитнес

Мажите и јогата – еве зошто е добро да вежбате јога

Напишано од The Gentleman

До пред неколку години, навистина беше тешко да најдете мажи кои вежбаат јога, но денеска полека работите како да се менуваат. Денеска се повеќе мажите се едуцираат како најпаметно да инвестираат во себе и да го намалат стресот поради брзиот начин на живот, па многу од нив веќе научија за бенефициите од јогата.

Во јогата постојат некои основни движења кои што ќе ве опуштат, ќе ви ја зголемат концетрацијата и ќе ви го избистрат умот. Постојат повеќе видови на јога, но пред да учите за нив, време е да разгледате кои се бенефициите од јогата.

Намалување и ослободување на стресот- Ако сте нервозни и одите во теретана или пак удирате во вреќа, тоа може да ви ја зголеми агресијата, според екпертите. Јогата вклучува многу техники за релаксација, па доколку ја комбинирате со редовни вежби ќе имате максимални ефекти.

Гради мускулна маса- го зголемува обемот на движење и активира повеќе мускулни влакна, овозможувајќи значителна хипертрофија кај која било мускулна група. Хипертрофијата укажува на тоа дека мускулот е зголемен, врз основа на зголемување на клетките на мускулното ткиво – што всушност значи раст на мускулното ткиво на клеточно ниво.

Телото поубаво ви мириса- Иструкторот за јога, Мајкл Хјуит, посочува дека исфрлањето токсини преку потта додека извршувате јога го ослободува телото од токсините и има подобар ефект од колоните и дезодорансите. Кожата природно мириса подобро.

Подобар секс- Што се однесува за мажите, јогата се користи за да се подигне свеста за сите мускулни групи и со тоа да се добие поголема самодоверба. Исто така, поефикасно е да се лачат хормони кои го забрзуваат процесот на циркулацијата што е одговорно за ерекција.

Контролиран ум-  Во исклучително брза и стресна дневна рутина, одењето на значително влијае на вашата релаксација. Јогата исто така се покажа дека може да ги ублажи симптомите на умерена депресивна состојба, дури и кај луѓе кои не земаат антидепресиви.

За авторот

The Gentleman