Психологија

Мажите кои возат скапи автомобили се невнимателни

Напишано од The Gentleman

Една нова студија открила дека возачите на брзи и поскапи автомобили застануваат многу поретко за да им овозможат на пешаците да ја преминат улицата. Истражувачите од Универзитетот во Невада во Лас Вегас шпекулираа дека сопствениците на скапи автомобили „се чувствуваат супериорни во однос на другите учесници во сообраќајот“ и се помалку способни да се соживуваат со пешаците. Тие дошле до овој заклучок откако стотици волонтери биле замолени да ја преминат улицата на пешачки премин, снимајќи и анализирајќи ги реакциите на возачите на автомобили.

На истражувачите им помогнале еден белец и црнец, како и една бела жена и жена со црн тен. Тие, исто така, дојдоа до заклучок дека возачите застануваат почесто ако има жена или бела личност на пешачкиот премин. Возилата застанувале во 31% од случаите кај жени и белци, наспроти 24% од случаите кај мажи и 25% од случаите кај црни пешаци.

Корелацијата помеѓу вредноста на автомобилот и однесувањето не е ништо ново. Студијата на 1.892 возачи, објавена минатиот месец покажала дека мажите кои поседуваат брзи автомобили поверојатно е да бидат не емпатични и тврдоглави.

Мажите кои се егоцентрични, тврдоглави, тешко зборуваат и не емпатични, најверојатно имаат автомобил со висок статус како Ауди, БМВ или Мерцедес. Овие атрибути ја објаснуваат желбата да поседуваат производи со висок статус, а истите атрибути објаснуваат и зошто таквите луѓе ги кршат сообраќајните регулативи почесто од другите.

За авторот

The Gentleman