Нега и одржување

Мажите со стил мора да го имаат овој производ во купатилото

Напишано од Mr. M

Денеска во ова време на развиена технологија, сите можеме да најдеме се што ќе посакаме. Изборот за било која работа која ни е потребна е огромен, па често имаме проблем кога треба да купиме нешто. Ова е особено присутно во негата и одржувањето. Кај жените производите за нега и одржување уште многу одамна ги имало во изобилие. Голем број на брендови, голем број на производи за различна употреба… За разлика од кај нив, кај мажите производите за нега биле многу помалку и оние мажи кои користеле такви производи можеле лесно да се одлучат за тоа што им треба.

Сепак, денеска живееме во време кога мажите се повеќе водат грижа за својот изглед, па големите брендови го увидоа тоа и асортиманот на прозиводи се зголеми. Денеска ќе зборуваме за парфемите. Парфемот е нешто што мажите го употребуваат многу одамна. Не е нешто ново на пазарот, но изборот е голем.

И покрај големиот избор, има некои парфеми кои што секогаш ќе бидат меѓу најдобрите и кои што се првиот избор за вистинските мажи. Еден од тие парфеми е Dior Sauvage.

Отвора со ноти на бергамот од  Reggio di Calabria, следат ноти на пулпа од мандарина која само ја зголемува свежината. Овојпат  е додадена нова состојка, кардамон, следи елеми која дава зачаден афект на мистичен темјан. Дрвенестите ноти се во срцевината на парфемот, каде се чувствува моќното присуство на килибар со „саге“. Мирисите продолжуваат да се отвараат со ориентални ноти и тонка грав кој дава малку горчина во мирисот.

За авторот

Mr. M