Апликации

MChat – првата македонска мобилна апликација за спојување на корисници

Напишано од Mr. N

Запознајте се со Mchat, домашна мобилна апликација за спојување на корисници. Апликацијата ги прикажува корисниците подредени по далечина со цел да може да се оствари запознавање со корисници кои што се во близина.

Корисниците на Mchat имаат можност да прегледуваат профили на други корисници на апликацијата, да ставаат лајк односно дислајк, а доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк следи совпаѓање и можност за контактирање со испраќање на пораки кои што се интегрирани во мобилната апликација.

Дополнително корисниците можат да ги следат најновите објави од нивните пријатели, да коментираат на истите, а можат и да прегледуваат актуелни новости од забавен карактер.

Користењето на MChat е бесплатно, со опција за пристап до привилигирани функции за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да се преземе преку Google Play Store или пак App Store.

За авторот

Mr. N