Автомобили

McLaren GT ги менува правилата на автомобилскиот пазар

Напишано од Mr. N

Британскиот производител McLaren официјално го претстави новиот модел GT (Grand Tourer). Како конкурент на Аston Martin DB11, Ferrari Portofino и Porsche 911 Turbo S овој автомобил доаѓа со 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор кој продуцира 620 КС и 630 Nm вртежен момент.

Со овој мотор до 100 км/ч забрзува за само 3.2 секудни, а до 200 км/ч за речиси 9 секунди. Исто така, доаѓа во комбинација со седум степен SSG менувач.

Во внатрешноста доминира 12.3 инчниот TFT екран. Тука е и двозонската автоматска клима, луксузните седишта со Nappa кожа, напреден инфотејнмент систем, Bowers & Wilkins аудио системот со 12 звучници…

Во производство ќе влезе кон крајот на ова лето, а веќе кон крајот на оваа есен ќе бидат испорачани и првите примероци. Се очекува продажната цена да изнесува околу 170 илјади евра.

 

За авторот

Mr. N