Автомобили

Mercedes GLB- компактниот SUV со 7 седишта

Напишано од Mr. M

Компанијата Mercedes, објави фотографии и најважните детали од својот најнов SUV  модел, Mercedes GLB. Овој модел на компанијата влегува во втората генерација на автомобили кои коирстат погон на предните тркала.

Она што е најпримамливо и најкарактеристично за овој модел е тоа што тој има седум седишта кои се подредени во три реда. Третиот ред се состои од две седишта.

Кога збориме за стандардната опрема кај овој модел, може да се види дигиталната табла која се состои од два споени дисплеја. Во стандардната опрема исто така влегуваат и гласовните команди и различни безбедностни системи.

Кај овој модел за почеток може да се најдат GLB 250 и GLB 250 4Matic верзии. И двете под хаубата имаат 4-цилиндарски турбо бензин мотор со 223 коњски сили и осмо-степен автоматски менувач.

Овој автомобил своето деби на европскиот пазар ќе го има во септември.

За авторот

Mr. M