Нега и одржување

Митови за акните – еден од почестите проблеми кај мажите денеска

Напишано од Mr. M

Акните се еден од најомразените проблеми кај мажите денеска. Иако тие се појавуваат и кај младите тинејџери кога почнуваат да им работат хормоните, акните се присутни и кај мажите кои се во 30-тите и 40-тите години.

Многу од мажите мислат дека акните се решаваат со често миење на лицето, но тоа не е точно, бидејќи тоа претставува некогаш и погрешен пристап кон решавање на проблемот. Со честото миење на лицето со препарати, вие го оштетувате првиот слој на кожата и поради тоа таа во тие моменти е подложна на инфекции.

Втората грешка која мажите ја прават често е што се откажуваат од препаратите кои им се препишани од страна на докторот. Терапијата ќе ви помогне, но ако не ја правите редовно, акните повторно ќе се вратат. Затоа е важно да ги користите препаратите и кога немате акни.

Многу од мажите се решаваат да ги стискаат бубуљиците кои ги имаат, а тоа никако не смеете да го правите бидејќи на тој начин ја влошувате ситуацијата.

Други пак се одлучуваат да пуштат брада со цел да се причат поретко и да ги сокријат акните на лицето, но со тоа исто така само се влошува ситуацијата.

За авторот

Mr. M