Кариера

Многу е важно да имате пријател на работното место

Никогаш доста од пријатели. Без оглед дали станува збор за пријател од вашата населба, училиштето, теретаната, па дури и работата. Еве неколку причини зошто е добро да имате пријатели во сите аспекти од животот, вклучувајќи го и работното место.

1. Доста време поминувате на работа

Доколку работите полно работно време, сигурно повеќе време поминувате на работа отколку дома, тогаш логично е да имате пријател покрај кој вашето време побрзо ќе поминува.

2. Секогаш имате некој кој ви го чува грбот

Пријателот ќе направи се што е во негова можност да ви помогне и да ви олесни. Да имате пријател на работа значи дека секогаш имате некој кој е на вашата страна, без оглед на се.

3. Работата е позабавна

Одењето на работа веруваме дека не е ничива омилена активност, но ако на работното место имате пријател, работата ќе биде подобра и поинтересна со него, барем тој ќе ви биде некакво олеснување.

4. Полесно ќе дознаете што сте пропуштиле

Тоа е вистинската личност која ќе ви каже што точно сте пропуштиле кога сте биле отсутни, кога не сте присуствувале на некои состаноци и сл.

5. Секогаш ќе имате помош во тешките ситуации на работа

Доколку се најдете во ситуација каде вашиот интегритет ќе биде доведен во прашање, вашиот пријател сигурно ќе се обиде да ја среди таа работа, бидејќи тој ве познава и знае која е вашата вредност и за што се залагате, тој секогаш ќе зборува убаво за вас.

6. Ќе имате добра причина да ги посетувате сите деловни забави

Доколку имате пријател на работа, нема да мора да размислувате со кого ќе го поминете времето на случувањата поврзани со работата, без оглед дали станува збор за деловна забава, патување, курсеви и сл. Вие секогаш ќе имате некој покрај вас и нема да бидете сами.

Denar.mk

За авторот

The Gentleman