Мажот во очите на жената

Модерните милениумски татковци се подобри од оние во минатото

Напишано од The Gentleman

Денешните деца растат многу поразлично од минатите генерации, а за тоа не е само заслужна технологијата (iPhone/Alexa). Децата денес растат на поинаков и подобар начин поради зголеменото присуство на нивните татковци.

Fatherhood.

Последните истражувања од 2019 велат дека татковците во денешницата се позастапени во животот на нивните деца за разлика од постарите генерации. Денешните татковци се одлични, но мора да признаеме дека модерниот свет им ја олеснува задачата во нивната работа.

Татковците сакаат да се на исто ниво како мајките

Модерните татковци поминуваат три пати повеќе време со нивните деца од предходните две генерации. Во почетокот на 80тите, дури 43% од мажите немале сменето пелена. Денес овој процент е намален само на 3%. Татковците денес менуваат пелени, бањаат, облекуваат деца, што е голем плус во блискоста со децата.

Татковците на денешницата имаат желба да помагаат во домот, иако времето тоа не многу им го дозволува. Сепак според статистиката, милениумските татковци помагаат по 30 минути повеќе во текот на денот по дома, него предходните генерации.

Оваа помош е добредојдена и за врската, не само за децата. Истражувањата велат дека кога повеќе од 60% од домашните обврски паѓаат на жената, врската почнува да се разнишува. Затоа додатната помош од татковците е добра за сите.

 

 

Татковците имаат и #dadguilt

Иако времињата се менуваат, сепак улогата на мајката сеуште е на прво место.

За ова се свесни и татковците, кои и покрај нивното зголемено присуство во домот, не можат да го достигнат нивото на мајката. Според истражувањата, мајките имаат помалку од еден саат слободно време по дома за нивна релаксација, додека татковците сеуште имаат дупло повеќе време за себе, односно околу два часа. Да, нивната улога е поголема од минатите генерации, но сепак не е на исто ниво со мајките. Вината кај татковците постои, но нивната борба со work-life балансот сеуште не е целосно совладана.

 

Татковците треба да добијат поддршка

Татковците бараат поддршка од светот, медиумите и компаниите во кои работат.

Сите истражувања потврдуваат за зголеменото учество на татковците во животот на децата, пред се за нивната зголемена желба. Но за ова да може целосно да се реализира, поддршка мора да дојде од сите страни. Компаниите треба да бидат свесни дека татковците сакаат да имаат кариера и сакаат да помагаат по дома, и флексибилноста е добредојдена. Овој проблем е познат кај мајките со кариера, а во последниве години истиот се префрла и на другата страна.

Улогата на медиумите, пред се социјалните мрежи, е целосно на страната на татковството. Се почесто може да видиме како и познатите се горди на своите татковски улоги, и со тоа ја креваат свеста низ светот. Дел од нив се The Rock и John Legend, кои гордо споделуваат за нивните улоги во домот. Да, тоа е и маркетинг, но секоја помош е добредојдена.

 

За авторот

The Gentleman