Стил

Модна дилема: Комбинација на чевли и костум…

Напишано од Mr. M

Каков тип на чевли да одберете во зависност од бојата на вашиот костум е една од вечните дилеми на мажите. Како што се менуваат модните трендови, така многу мажи одбираат да ги избегнат класичните чевли и да доберат некоја друга алтернатива.

Денеска ќе збориме за сивите костуми…

Многу е важно за каков тип на сив костум станува збор. Кога збориме за сивата боја, најдобро е кога ја комбинираме со црната. Но, ако сакате да ја избегнете монотонијата, нашиот предлог е да пробате со бордо бојата.

Бордо бојата лесно се вклопува во темните комбинации, па со овој чекор ќе направите една промена со која дефинитивно нема да згрешите и ќе оставите силен прв впечаток.

За авторот

Mr. M