Стил

Модни детали кои жените најмногу ги сакаат кај мажите

Напишано од Mr. M

Модните детали или аксесоарите, се најважните доколку сакате да имате квалитетен и добар стил денеска. Можете да се облечете во најдобрите модни парчиња, но никогаш нема да го постигнете целосниот ефект без деталите.

Жените сакаат мажи кои водат грижа за својот изглед, особено ги сакаат оние кои што знаат да се носат квалитетно. Ако сте маж кој води грижа за изгледот и стилот, тогаш важите за маж кој знае што сака и маж кој е има чуство за тоа што е добро и квалитетно.

Лептир машна- Девојките сметаат дека лептир машната е неочекувано секси и дека не треба да биде само за формални настани. Постојат различни видови на лептир машни кои може да ги носите во вашите секојдневни комбинации.

Image result for pierce brosnan with bow tie

Следната работа која жените најмногу сакаат кај мажите се трегерите. Тие се неверојатно привлечен додаток и за деловните и за празничните настани, бидејќи додаваат софистицираност во вашата мешавина и ве прават да изгледате неверојатно добро.

За авторот

Mr. M