Мода

Mодни грешки кај мажите кои не смеат да се случат

Напишано од The Gentleman

Има многу работи кои оваа година мора да се заборават. Од лошата музика и досадните филмови, до корона вирусот и пандемијата. До најдосадната година на секое поле.

Истото важи и кај машката мода. Време е да се стави крај на лошата кројка, на големите парчиња облека, на грешно врзаната вратоврска, на непопуларните обувки и на лошо закопчаните копчиња.

Сега е време да се подигне нивото на машка мода во нашата земја (Friday.mk или Gentleman Magazine секојдневно се бори за ова), и со време да заборавиме на следниве 6 моменти од минатото кои беа негативци во комбинирањето на машкиот стил.

Конците не треба да се гледаат

 

Неколку парчиња облека, особено оние со кројка, при купување доаѓаат со одредени плетки кај рабовите и џебовите. Тоа најчесто се мали кончиња кои се тука да помогнат во држење на вистинската форма, пред производот да дојде до крајниот купувач. Епа во предходната декада голем дел од мажите не беа свесни за овој момент, и при купување не ги вадеа овие кончиња (со мала пинцета за да не оштетите нешто), и оставаа да висат на нив како тоа да е дел од кројката. Овој момент мора да го снема во 2020та.

Ракавот на кошулата под оделото не е крило

 

Уште една класична грешка која мора да ја снема во 2020та. Ајде да запомниме еднаш засекогаш – ракавот на вашата кошула треба да биде подолг од оделото/сакото околу 1 сантиметар. Ако е подолго од тоа ќе изгледате како кловн, ако е пократко ќе изгледа дека носите маичка а не кошула. Внимателно затоа што ова е многу битен момент. Доколку вашето одело е кратко, или доколку кошули ви се подолги од што треба, време да го промените вашиот кројач.

Вашето тело се менува, а со него се менува и облеката 

Дојдовме до најделикатната грешка. Значи како старееме, наштео тело се менува. Дали ни виснале мускулите, дали сме качиле некое кило, нашата стара облека не може исто да ни стои како во минатото. Затоа доколку приметите дека копчињата на вашата кошула се разиграни и се борат да ги спојат двете страни на кошулата, време е за шопинг. Вашето тело се менува, прифатете го тоа.

Вашите фармерки/панталони не треба да бидат тепих

Дојдовме до долниот дел од телото и панталоните/фармерките. Во последно време носиме се потесни панталони, односно со гол глужд. Тоа донекаде е во ред, зависно вашиот стил. Битно е да пазите панталоните да не се предолги да се виткаат неколку пати штом допрат до вашата обувка. Значи прифатлиови е да сакате покомотни панталони, но мора да се внимава тие да не се предолги и да се сопнувате при секој чекор.

Летна облека не е за во зима

Тука нема многу да објаснуваме, се е кажано во насловот и преку сликата. Така да без разлика колку сакате да се правите храбар и дека не сте зимурлив, летни обувки и гол глужд се за во лето. И обратно, јакна во август….никако

Обувки согласни на вашиот стил

Стигнавме до стапалата и обувките. Разбирливо е да сте фанови на кежуал спортската мода, тука не ве чепкаме. Овој последен стилски момент кој мора да се остави во последната деката е за оние моменти кои бараат малку повеќе дотерување од вообичаено. Свадба, прослава, битен состанок од работа. Значи патики со смокинг не изгледа нормално. Да, некогаш правилата се кршат, но тоа не е случај при вакви битни настани кои бараат вистински модни потези. А доколку немате обувки на располагање, проверете ги новите одлични чевли на FridayShop (линк)

За авторот

The Gentleman