Стил

Модни правила: Кои бои треба да ги носат мажите со посветол тен?

Напишано од Mr. M

Изборот на гардеробата, да бидеме потполно искрени, покрај бојата на косата или тенот, прво го покажува вашиот личен вкус или сензибилитет. Во овој поглед, ќе ви дадеме генерален одговор со надеж дека ќе можете да го сторите истото и да извлечете корисни упатства од тоа.

Важно е да се знае на почетокот дека во изборот на бои треба да го правите според: боја на коса, потоа очите, и само на трето место на тенот. Ова ќе биде првиот чекор во потрагата по идеална боја што сигурно ќе игра многу важна улога во вашиот целосен изглед.

Секако дека секоја нова сезона со себе си носи бои, но ако вие имате светол тен, тогаш е појасно дека вие припаѓате во онаа група на мажи кои што треба да носат посветли бои. Најдобрите бои кои ќе ви одговараат на вас во овој случај се сината, светло зелената, пастелни или тиркизни бои…

На крајот сепак ги одбирате оние парчиња гардероба во кои се чуствувате најдобро, но ако се водите по боите, тогаш како што кажавме секогаш гледајте го тонот на очите, па потоа на тенот.

За авторот

Mr. M