Мода

Модни правила кои не смеете да ги прекршите

Напишано од The Gentleman

Ако сакате да бидете елегантни и тогаш мора да внимавате на одредени детали и правила. Кога станува збор за модата, често знаеме да направиме грешки. Само една ситна грешка, може да направи да изгледате не привлечно, па поради тоа мора доста внимание да обрнете на вашиот стил на облекување.

Никогаш не го закопчувајте последното копче на вашето сако. Да се вратиме во минатот. Во 1901 година во Британија владеел кралот Едвард и тој владеел се до 1910 година. Во негово време костуми станале се популарни и се повеќе мажи почнале да ги носат. Поради тоа што тој не бил баш слаб, морал да го откопчува последното копче на сакото. Поради огроманата почит кон кралот, тие го следеле неговиот тренд кој трае се до ден денес.

Внимавајте кои маици и кошули ќе ги ставите во панталони. Кошулите и маиците кои што се подолги се дизајнирани да се ставаат во панталоните. Поради нивната должина тие убаво се лепат на вашето тело.

Задолжително да посетите кројач. Ако не сте некој кој е често во костум и не сакате да купувате често, тогаш задолжително посетете кројач, бидејќи нема ништо подобро од скроен костум по мерка.

Трудете се секогаш да ги вклопите боите. Во вашите дневни комбинации, треба да има максимум три бои, од кои две ќе бидат главни, а една може да биде бојата на деталот како што е часовник, вратоврска или чевли. Ако се одлучите за една или пак две бои, нема да згрешите, но тредете се секогаш работите убаво да ги вклопувате на вас.

За авторот

The Gentleman