Мода

Модни совети за мажите со вишок килограми

Напишано од The Gentleman

За време на летото обично секој од нас знае да додаде некој килограм плус. А со доаѓањето на есента, и облеката не прави уште покрупни.  Ако не можете да влијаете на килограмите, може да примените неколку модни трикови кои ќе ви помогнат визуелно да изгледате послаби.

1. БОЈА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ

Темните бои ве прават послаби, додека светлите бои подебели, тоа е сè што треба да запомните. Ако сте поголеми во горниот дел од телото, тогаш носите потемни бои горе и лесни бои доле за да изгледате идентично. Ситуацијата е различна доколку сте подебели под ременот, па тогаш црните фармерки и панталони ќе ви одговараат совршено.

2. НОСЕТЕ ОДЕЛА ИЛИ ГАРДЕРОБА СО РИГИ

Правите ленти или риги создаваат илузија за издолжување, со што визуелно ве прават да изгледате потенок. Маици, џемпери, дуксери, кошули и сакоа со линии/риги прават чуда и ќе ви помогнат да изгледате многу подобро.

3. ВИСТИНСКА ГОЛЕМИНА

Кога сте поголеми, треба да пронајдете работи кои одговараат на вашата големина. Не треба да носите премногу мали (тесни) или премногу големи (широки) работи, бидејќи тоа само ќе го уништи вашиот добар изглед. Затоа, внимавајте на големината и набавете ги работите што се соодветни за вас.

4. КРОЈАЧ

Кројачот е доста интересна работа, бидејќи овие господари ќе ги направат вашите работи скроени на вашето тело, што автоматски ќе ве натера да изгледате потенок, попривлечен и поубав.

 

 

За авторот

The Gentleman