Креатива

Моќна порака на нашиот travel блогер Бојан Гиевски на Инстаграм

Напишано од Mr. M

Во ова време кога сме заглавени во новонастанатата ситуација во која не донесе коронавирусот, најважно е да останеме позитивни и да бидеме сепак едни до други. Изолацијата е тешка за сите нас. Тешка е за бизнис секторот, тешка е за младите, за старите, за сите… Буквално сите сме погодени од ова и свесни сме дека последиците ќе бидат големи, можеби и поголеми отколку што мислиме.

Сепак, главата горе и исправено да се носиме со секој тежок предизвик кој е пред нас.

Нашиот најпознат travel блогер Бојан Гиевски, на својот Инстаграм профил напиша една навистина моќна порака каде што во кратки црти ја објасни сегашната ситуација.

Вреди да се прочита…

View this post on Instagram

По се ова што ни се случува, сите сме свесни дека веќе ништо нема да биде исто… Но, дали сме спремни? Дали сме спремни да ја прифатиме реалноста дека ќе треба да бидеме задоволни со многу помалку? Имам чувство дека претеравме. Се изгубивме. Самите себе, а и другите. Постојано бевме во трка со времето. Се одалечивме. Го ценевме многу повеќе материјалното. Зборувавме само за бројки, суми, брендови, трендови,… И одеднаш се тоа застана, го снема, стана толку неважно. Минливо. Нашата душа стана ранлива и кревка, уплашена пред нападот на еден микроорганизам пред кој потклекнаа и најмоќните, најсилните, најбогатите. Едноставно, светот застана. Сите застанавме. Да здивнеме, да видиме каде сме, кои сме и да сфатиме дека само заедно сплотени можеме да победиме се. Дали е време за нов почеток? Дефинитивно, ДА. Повеќе од било кога. Нов почеток полн со убава енергија, свежи мисли и нова надеж. Сите го чекаме денот кога ќе го означиме тој нов почеток… Но, додека дојде денот кога повторно ќе почнеме "нормално" да функционираме, нека се одмори и планетата Земја од сите нас. Нека дише слободно. Заслужи. 📸 : @stoilkovski.bojan . . . . . . . . . . . . . #седидома #останидома #СедамДомаЗа #СИТЕ #me #tuesday #tuesdaymotivation #tuesdaythoughts #goodeveningpost #igers #happy #stayhome #quarantine #life #hope #motivationalquotes #lifestyle #cozy #relax #read #enjoy #blackandwhite #blackandwhitephotography #bestoftheday #portraitphotography #picoftheday #photooftheday #covid_19 #covıd19 #coronavirus

A post shared by Bojan | @gievskibjn (@gievskibjn) on

За авторот

Mr. M