Стил

Montblanc со колекција за урбаните мажи

Напишано од martin

Брендот Montblanc ја лансираше својата најнова колекција наречена, Urban Racing Spirit која е посветена на урбаните мажи. Целата колекција ќе биде достапна од септември и таа ќе биде спој од комфортот и функционалноста.

Најголемиот дел од производите во колекцијата се направени од црна кожа. Таа ќе содржи патни торби, паричници итн. Кога збориме за 48h Bag торбата е идеална за оние кои чест оодат на кратки деловни патувања. Таа има џеб за лаптоп,  два за телефон и преграда за гардероба.

Освен оваа торба тука може да се види и Duffle Bag која има поголем простор. Messenger и Envelope се уште две чанти кои се тука за секојдневна употреба, а не смееме да го заборавиме и Montblanc Backpack ранецот кој е идеален за сите истражувачи.

За авторот

martin