Пијалоци

На кои работни места се пие најмногу кафе?

Напишано од Пјер

Според истражување спроведено од „Dunkin’ Donuts“ вработените во хотел, адвокатите и судиите најмногу го сакаат своето кафе црно. Вработените во човечки ресурси и медицинските сестри кои работат во домашна нега најмногу сакаат да пијат кафе со крем и шеќер. Додека пак, уредниците/писателите, вработените во државна установа и професорите уживаат кога додаваат арома во своето кафе. Од сите оние кои учествувале во ова истражување, 46% изјавиле дека се помалку продуктивни без кафе, 61% пиеле барем 2 кафиња дневно за да ја издржат својата работа и 49% признале дека имале голема потреба од пиење кафе во текот на денот.

Интересно да се забележи поврзаноста на видот на кафето со одредена професија. Погледнете ги и наредниве статистики и размислете дали се совпаѓаат со вашите досегашни искуства за количината на кафе која ја конзумирате со вашите пријатели и соработници…

1. Научници и лаборанти

2. Маркетари и професионалци за односи со јавност

3. Раководството во образовните институции

4. Уредници и писатели

5. Раководството во здравствените институции

6. Доктори

7. Готвачи

8. Професори

9. Социјални работници

10. Професионалци во областа на финансиите

11. Медицински сестри за домашна нега

12. Координатори за човечки ресурси

13. Медицински сестри

14. Вработени во државни установи

15. Искусни трговци

За авторот

Пјер