Автомобили

На кој начин Volkswagen ја освојува Кина?

Напишано од Mr. M

Компанијата Volkswagen е еден од лидерите во автомобилската индустрија денеска. Тие покрај тоа што решија да го освојуваат пазарот на електрични автомобили, решија да го освојат и кинескиот пазар. Поради тоа тие направија нов автомобилски бренд кој го носи името Jetta и е наменет исклучиво за кинескиот пазар.

Германскиот производител лансираше нов евтин бренд за автомобили во Кина на почетокот од оваа година, а за првите три месеци од продажбата, „Jetta“ е хит. Овој посебен бренд во рамките на VW групата досега има само два модела и привлече скоро 30.000 клиенти во првите 90 дена од продажбата.

Image result for volkswagen jetta

Основата на марката за автомобили Jetta е седанот VA3 – прифатлив компактен седан претходно продаден во Кина како Jetta (различен од европскиот Volkswagen Jette) и компактниот SUV VS5 (практично препакуван Seat Ateca). Скоро 80% од продажбата до денес се на SUV возилата. Интересот на купувачите за возилата Jetta се очекува да биде уште поголем, затоа што неодамна беше лансиран третиот модел, SUV VS7 со сличности на Seat Tarrac.

За авторот

Mr. M