Постојат голем број на теории за тоа на која возраст жените се најатрактивни. Но ретко кој дал информација за тоа во која возраст се мажите најатрактивни за жените? Една студија од Финскиот Универзитет ги расчистила работите. Според нив на жените им се привлечни мажи кои се малку постари од нив. Кај мажите е поинаку, тие ги сакаат жените во нивните дваесетти години без оглед на навната убавина, нивниот памет, или друго.
Од друга страна, податоците од истражувањето на Кристијан Радер, основачот на OkCupid, ја даваат идеалната машка возраст која жените најмногу ги привлекува. Резултатот? Помеѓу 38 и 39 години.
Тоа е возраст кога Џорџ Клуни глумеше во Ocean’s Eleven, Бред Пит во Troy, и Вил Смит во I Am Legend.
Па што мислите вие? Дали вашете време допрва доаѓа, или сепак верувате дека возраста од 25 до 35 е онаа најатрактивна?