Интервјуа

На прво еспресо со Младен Ѓуроски

Напишано од martin

Денеска првото еспресо го пиеме со Младен Ѓуроски, еден од основачите на Бизнис Лига во Македонија, а важи и за доста познaто кошaркарско име во македонската кошарка.

Како ти започнува денот, што е она кое што прво го правиш наутро?

Секој ден ми започнува со туширање, потоа следи лесен и квалитетен појадок и нормално потоа заминувам на тренинг.

Без кои 5 работи не можеш да го замислиш денот?

Кај мене речиси поголемиот број од деновите ми се идентични, па кога би морал да издвојам пет работи без кои не можам, тоа би биле: тренингот, работа, моето семејство, добро кафе и мојот син 🙂

Што е за тебе тајната за успешен ден?

Успехот е многу релативна работа. Јас сум човек што секогаш мисли дека може подобро и дека никогаш не е доволно добро, бидејќи не знам што е успешен ден, не ја знам ни тајната.

Како се организираш себеси во текот на денот?

Во принцип јас сум човек кој што е тотално неорганизиран, но сепак, сето тоа успешно го покривам со доста работа и секогаш се трудам сите обврски да ги стигнам на време.

Со кого го пиеш првото кафе?

Првото утринско кафе го пијам со персоналот од кафе барот Круг.

За авторот

martin