Интервјуа

На прво еспресо со Влатко Груевски

Напишано од martin

Денеска првото еспресо го пиеме со Влатко Груевски, оперски пејач, тенор.

Моментално е вработен во Македонската Опера и Балет. Груевски одржува свои солистички концерти скоро низ сите градови низ Македонија. Настапувал низ повеќе градови во странство. Исто така настапувал на голем број свечености организирани од високите органи на државата, Влада, Собрание, МАНУ и тн., како и на скоро сите свечености организирани од сите факултети на УКИМ, но и самиот ректорат. Настапувал и со голем број диригенти, како и оркестрите на ФМУ и МОБ. Од големо значење е неговата соработка со неговиот пијанист и менаџер Андреј Наунов, со кого работи на неговата кариера и музичка наобразба.

Како ти започнува денот, што е она што го правиш прво наутро?

Го исклучувам алармот и обожавам да го одложам, што значи сакам да си додадам уште некоја минута за спиење, хехе. После тоа сакам да се излежавам, а истовремено го проверувам телефонот, Инстаграм, Фејсбук, маил, но тоа не трае многу долго. Станувам и почнувам да се средувам, доручкувам на брзина, проверувам дали се сум понел што ми треба и започнувам со обврските и денот.

1. Чевли: Пеко 2. Гаредероба: Globay 3. Часовник: B Watch Локација: Valdrin Shaiti Хотел Парк

5 работи без кои не можеш да го замислиш денот?

Дефинитивно смартфонот, некои можеби ќе ме сатанизираат и вбројат во модерни луѓе, но тоа е нештото без кое мислам дека тешко би функционирал, би ги исфрлил социјалните медиуми, но мојата комуникација и организација се преку него, после тоа на второ место автомобилот, бидејќи мислам дека не би стигнал секаде без него, морам да напоменам дека многу трчам со него низ град. Морам да напоменам и го вбројам тука рачниот часовник, B-Watch е задолжен за тоа и слободно можам да кажам дека се изврсни со асортиман и во секаков друг поглед. Чоколадо и музика, морам барем една коцка во денот да изедам, ми дава енергија, а во меѓу време да си пуштам некое музиче за опуштање и секако фамилија и пријатели без кои секако не би можел.

Како се организираш во текот на денот?

Организацијата ја правам навечер пред да си легнам, размислувам што обврски имам, кои ми се поприоритетни работи, како да стигнам секаде, без да треба да се вратам некаде и да изгледа како да е се во едно. Ако има голем број на обврски искрено и запишувам, тоа се дешава ретко, но се десило, сакам во одреден период да завршам, а кога ќе завршам сакам да знам дека сум завршил и веќе не ме чека ништо тој ден, па макар било и 22 часот.

1. Чевли: Пеко 2. Гаредероба: Globay 3. Часовник: B Watch 4. Локација: Valdrin Shaiti Хотел Парк

Што е за тебе тајната за успешен ден?

Дефинитивно добрата организација, трпеливоста, истрајноста, упорноста, да сфатиме дека до успехот не се стигнува преку ноќ.

Со кого го пиеш првото кафе?

Па, мислам дека најчесто е со некој колега, што значи со друштво и мислам дека е така убаво, бидејќи се расонуваме и исполуваме со енергија за претстојните обврски, а кога сум на одмор, годишен, дефинитивно сам, сакам да сум на тераса, рано изутрина, вода, сонце, мир и тишина, тогаш дефинитивно сам.

За авторот

martin