Интервјуа Стил

На тема машка мода со Горан Митров

Напишано од Mr. M

Еден од најпознатите инфлуенсери во Македонија и Бренд менаџер во компанијата Елена Лука. Како инфлуенсер кој е доста атрактивен на социјалните медиуми, ќе можете да забележите дека Горан Митров е голем љубител на модата и секојдневно преку неговите модни комбинации е инспирација за другите и дава пример колку е важен стилот на облекување.

Нешто повеќе на тема машка мода, Friday.mk разговараше со Горан Митров…

Дали повеќе го практикувате формалниот или пак кежуал стилот на облекување?

Формален, дефинитивно формален стил. Не дека јас немам или не сакам да носам кежуал парчиња, ама и кога се облекувам така, тоа дефинитивно е некој друг Горан. Мене лично ми е тешко да се прифатам таков, до степен што ми влијае на самодовербата. Од друга страна мислам дека и околината не е навикната да ме гледа премногу кежуал во секој случај. Сепак, сакам да останам доследен на имиџот и сликата што сум ја создал за себе.

Кој се твоите омилени брендови на облека ?

Не патам од тоа дека мора да е скапо, баш напротив, ама почитувам брендирана облека, стабилен бренд има голема обврска производот што го нуди да е добар. Од друга страна не сакам да се ограничувам. Нормално, сите ние имаме некој бренд што посебно ни лежи, купувам што ми се допаѓа. Најчесто носам одела изработени по нарачка. Многу е битно оделото добро да одговара на телото и да биде по мерка. “Елена Лука” во повеќе наврати сето тоа за мене го прави многу успешно.

Која модна комбинација најмногу ја практикуваш на работното место?

Како што веќе спомнав, формалниот или бизнис стилот е она што мене најмногу ми лежи. На начин кој е одраз на мојот личен стил нормално. Не само заради тоа што така налага работното место туку едноставно јас сум тој и секогаш таков сум бил .

Дали често практикуваш да одиш на шопинг и колку често купуваш нова гардероба?

Да речеме дека не пропуштам прилика да го направам тоа. За жал  имам многу малку слободно време па купувам и онлајн ако рака на срце поголемо задоволство ми прави уморни нозе и кеси во рака. Она за што имам посебна почит и во што уживам најмногу е custom made изработени парчиња до перфекција, од кошула преку одела па се до чевли.

Колку според тебе е важен стилот на облекување во бизнисот и работата?

Многу, важен е многу. Има големо влијание на тоа како соговорникот ќе не доживее. Независно дали се работи за бизнис состанок или средба со клиенти надворешниот изглед е она првото што го гледаме и врз основа на тоа секундарно оформуваме мислење. А ќе се согласите со мене дека за се во животот има втора шанса освен за прв впечаток.

Дали практикуваш да читаш модни магазини и портали?

Да, секогаш кога ќе сретнам купувам списанија поврзани со мода особено машка мода . Порталите ми се секојдневие, многу често знам да најдам инспирација на некој инста профил или да прочитам нешто инспиративно во текст на некој од порталите.

View this post on Instagram

🎄💫💫🥂

A post shared by Goran Yan Mitrov (@goran_mitrov) on

Какво мислење имате за машката мода во Македонија и колку според вас мажите во Македонија ги следат светските модни трендови?

Сакам да верувам дека се грижат за својот изглед. Што се однесува до светските трендови не сум баш сигурен. Ама тоа и не го гледам од негативен аспект, јас лично не сум роб на трендови, многу поважно е секој зрел маж да го пронајде и да го негува својот сопствен стил. Со тек на годините се почесто гледаме мажи кои стоеле подолго од 3 мин. пред огледало. Имав навика да  кажам дека ми фалат убави луѓе, средени. Ме  радува  фактот дека со текот на времето се менуваат работите, ние Македонците сме убав народ и не ни треба многу труд, но сепак сметам дека е важно на остатокот од светот да му ја покажеме најдобрата верзија. Да не заборавиме дека сме во Македонија, со сите предности и маани. Нашиот пазар е ограничен, но сметам дека секој според можностите се труди да изгледа најдобро што може, како мажите така и нашите жени.

За авторот

Mr. M