Интервјуа Стил

На тема машка мода со Мартин Трајановски

Напишано од Mr. M

Денеска нашиот тим имаше можност да разговара со Мартин Трајановски. Фотограф, инфлуенсер кој секојдневно не инспирира преку неговите Инстаграм профил и урбан лик од нашето Скопје кој со концептот “Една минута урбан стил“ воведе нешто ново кај нас во светот на модата. Нешто повеќе за модата кај нас и за неговиот стил, прочитајте во интервјуто 🙂

Дали повеќе го практикувате формалниот или пак кежуал стилот на облекување?

Интересно прашање. Кога би ми го поставиле истово прашање, пред пет или шест години – сигурен сум дека без размисување ќе одговорев дека формалниот стил (колку што е можно да е формален на 17 или 18 години) е стилот кој повеќе го практикувам. Сепак со текот на годините или можеби наметнувањето на трендовите, искрено сум изненаден со фактот дека последниве години се пронаоѓам вистински во стилот кој што го сакам. Интересното е тоа што пред некои пет години бев убеден дека целосно се имам стилски изградено и пронајдено (се смее). Како резултат на тоа, сфаќам колку се повеќе и повеќе се пронаоѓам во кежуал стилот или поконкретно во т.н “street style” или “urban style”. Од друга страна, секако дека постојт исклучоци кои воопшто не ми пречат (токму поради тоа што се ретки) и настани на кои што формалниот стил на облекување е своевиден начин на искажување на почит кон домаќинот на настанот, забавата или какво и да е случување од јавен карактер, а од друга страна и своја презентација во целосно различно светло кое е обратно од она секојдневното.

Кои се твоите омилени брендови на облека?

Искрено не сум огромен фан на моменталните “лидерски” брендови на пазарот кои според многу критичари ги наметнуваат тековните трендови во машката и воопшто светската мода, но “all time” омилен бренд на облека би го издвоил брендот Tommy Hilfiger и нивната препознатлива комбинација на бои, која од една страна е толку едноставна, а со самото тоа и прегенијална.

Која модна комбинација најмногу ја практикуваш на работното место?

Смарт-кежуал! И не само на работното место, туку и многу често на рабтни состаноци, и кафе-дружење со пријатели.

Дали често практикуваш да одиш на шопинг и колку често купуваш нова гардероба?

Искрено, би сакал да одговорам со не многу често (се смее), но како и да е шопингот како таков, дури и да е многу чест, пробувам да биде најкраток што може поради тоа што не сум љубител на долго поминати часови во буквално “пребарување” на тоа што се нудат дуќаните за потрошувачите.

Колку според тебе е важен стилот на облекување во бизнисот и работата?

Искрено многу важен! Велам многу важен од аспект на “прв впечаток” пред клиент или некој надреден.  Да бидеме реални, начинот на облекување во бизнисот или работата многу често се поврзува со она дека втора шанса за добар впечаток, нема! Токму како дел од оставањето на добар впечаток, сметам дека е токму стилот и начинот на кој што некое парче гардероба се носи во јавноста.

Дали практикуваш да читаш модни магазини и портали?

Да! Многу често, особено во последнава година. Токму поради мојата професионална определба, фотограф, дел од мојата работа е и да бидам “информиран” за сите тековни трендови кои што најчесто и најлесно се осознаваат од токму таквите портали и магазини. Мојот став е дека еден фотограф не е целосно реализиран фотограф се додека се држи стрикно во својата “comfort zone” и се надрагува, напредува и информира исклучиво за сопствениот дел од извршувањето на една фотографија. Мислам дека еден фотограф е вистиснки и целосен доколку се обиде да осознае барем малку повеќе и за останатите гранки кои се тесно поврзани со професијата фотографија. Мислам дека сплетот на околности и мојата некогашна работата во еден наш познат портал за мода и животен стил, ми “наметна” да почнам се почесто да ги следам модни портали или вооптпо порталите во нашата земја и  навистина ми се допадна тој начин на информирање или т.н ритуал на секојдневно проверување на порталите со единствена  цел – се поголема тековност и информираност.

Какво мислење имате за машката мода во Македонија и колку според вас мажите во Македонија ги следат светските модни трендови?

Многу често гледам комбинации на грдероба  кој притоа во тој момент се целосен тековен тренд, а сепак ефектот кој таа комбинација е целосно обратно од тоа што можеби било целта. Не е секој тренд за секој!

Не сум сигурен дали тоа од секогаш било така или не, или можеми социјалните мрежи играат голема улога (тука повеќе мислам на социјалната мрежа Инстаграм), но целосно се сложувам со тоа дека машката мода во нашата земја се крева на се по квалитетно ниво, па дури и кога не се пратат тековните трендови.
Кога ќе кажам квалитетно ниво, мислам на секојдневните машки Инстаграм профили кои преку стилот кој што го градат и презентираат, го покжуваат нивниот став и желба за истиот да биде виден и чуен! Се повеќе гледам профили и луѓе кои размислуваат целосно “out of the box” и токму така и изгелдаат, а тоа е тоа што нив ги прави единствени и целосно уникатни.

За авторот

Mr. M