Настани

Наближува крајот на пандемијата

Напишано од The Gentleman

Вчера за прв пат во светот една жена од Британија ја прими првата вакцина против Ковид 19 или коронавирусот. Со тоа започна масовната вакцинација со цел спречување на ширење на заразата.

Оваа жена, заедно со еден маж со име Вилјам Шекспир, британски пензионер ја примија први вакцината на Фајзер и Бионтек.

Првата доза ја примија вчера, а втората ќе ја примат по 21 ден со што 7 дена потоа ќе разијат антитела на вирусот.

Ова е голема вест, но и голема радост за целиот свет што конечно ќе се вратиме на нормалното фунционирање како и претходно.

Наскоро се очекува и антивиротикот кој го измислија научниците во САД, кој се зема орално и го спречува ширењето на Ковид 19 за само 24 часа.

За авторот

The Gentleman