Успешни приказни

НАЈАВА: Погледнете ја најавата од првата емисија на Џентлмен Магазин (ВИДЕО)

Полека но сигурно доаѓаме до премиерното издание на првиот ТВ магазин за мажи кај нас, Џентлмен Магазин / Gentleman Magazine.

Во среда ЗАПОЧНУВАМЕ… 07.10.2020 во 20:45 на МРТ1 емисија за џентлмени…

Дали во нашата држава има џентлмени? Што претставува џентлменството? Кои се добрите навики?
Во првата емисија на Џентлмен Магазин ќе гледате:
* Др. Владимир Чадиковски – Маж на годината за 2018 година
* Игор Стефановски – Distinguished Gentleman’s Ride – Што претставува ова движење?
И уште неколку други теми кои ќе ве внесат во светот на џентлмените.
СРЕДА, 07.10.2020 – 20:45 на МРТ1 со Златко Качаниклиќ
Бидете џентлмени!

За авторот

The Gentleman