Бизнис совети

Најбараните 10 работни вештини во 2019 година

Напишано од martin

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме во Македонија е што работодавците, односно компаниите не ги гледаат вештините на младите, туку се повеќе го вреднуваат работното искуство. Се надеваме дека оваа практика во иднина ќе се намали, бидејќи денеска, со развојот на технологијата, младите можат да научат многу повеќе и многу побрзо да напредуваат во одредени гранки.

Насекаде во светот, вештините имаат поголемо значење од искуството. Поради тоа денеска ќе ви ги претставиме вештините кои ќе бидат најбарани во 2019 година според LinkedIn.

Затоа ве советуваме да се развивате самите и да се фокусирате на она што му е потребно на светот.

Најбараните пет полесни вештини:

  • Креативност
  • Моќ на убедување
  • Соработка
  • Адаптабилност
  • Менаџирање со време

Најбараните пет потешки вештини:

  • Компјутерско работење во cloud
  • Вештачка интелигенција
  • Аналитичко размислување
  • Менаџирање со луѓе
  • Дизајн на корисничко искуство

 

За авторот

martin