Технологија

Најбараните 6 технолошки гаџети за 2018 година

Напишано од martin

Оваа година беше полна со новости од светот на технологијата. Еволуцијата на паметните телефони, роботи, виртуелна реалност и уште многу други. Затоа денеска ќе ви ги претставиме најбараните и нај актуелните технолошки гаџети од 2018 година.

IPHONE X

Не помина долго време од лансирањето на новиот IPHONE X, сепак компанијата е веќе спремна за лансирање на нови работи. Новиот IPHONE X е вистинско ремек дело во телефоните и заслужено го има приматото најдобар паметен телефон на денешницата.

KEECKER ROBOT

Keeckler е мултимедијален робот на гласовна контрола кој ќе го поедностави начинот на кој живеете во вашиот дом. Уредот е опремен со проектор кој може да управува до 90 степени, 4.1 аудио систем, два звучници, две камери и десетици сензори кои му овозможуваат на робот да ги избегне пречките.

SAMSUNG GALAXY S9 & S9+

Не беа направени некои посебни револуции кај Samsung, но верзијата S9 има ист облик како поранешниот S8, но со значително подобрување на процесорот и камерата, скенирање на лицето и очите преку екран.

MAGIC LEAP SUNGLASSES

Ова е најновата верзија од високо технолошките очила кои ќе ви понудат неверојатно искуство. По 2014 година, Рони Абовиц вети револуционерен гаџет заснован на мешана реалност. Тој исплатил повеќе од 1,5 милијарди евра за да создаде верзија директно водена од мозокот, што беше, според тоа, среден пат помеѓу виртуелната реалност и зголемената реалност: концептот зад него е дека вашиот визуелен кортекс и широк дел од вашиот мозок делуваат како графичка мотор, што овозможува рендерирање на опкружениот свет преку конекции од 100 трилиони неврони.

IPAD PRO

Првиот, со големина од 12,9 инчи, беше издаден во ноември 2015 година, вториот, со големина 10,5 инчи, излезе во јуни 2017 година. Со пуштањето на iPhone X во ноември минатата година и намерата да се интегрира OLED безжични екрани на уредите, зошто да не замислувате голем iPad со екран сличен на iPhone X.

MAVIC PRO 2 DRONE

По новиот Mavic Pro Platinum што го гледате во слика, DJL го најваи Mavic Pro 2. Некои вести вклучуваат можност да снимате во 8K, подобра камера во споредба со сегашната 12 мегапикселна, подобра опсег на летање, подобар дофат , поголема брзина и сосема нов дизајн.

За авторот

martin