Мода

Најбитно модно парче за време на карантинов – боксериките

Напишано од Mr. N

Боксерките се една од побитните парчиња облека за мажите, може на рамниште на фармерката и тренерката. Особено сега, за време на карантинов.

За ова парче облека, најголем придонес има дизајнерот Џон Варватос, кој во почетокот на 90-тите беше дизајнер на машка облека на брендот Calvin Klein, стил кој моментално владее на машкиот пазар. Боксерките имаат тенденција да се зацврстат околу средината на бутот, што значи дека покриваат голем дел од телото, особено околу задниот дел. Покрај покриениот дел, во продолжение ќе го дознаете и останатите факти:

Важни детали кои треба да се знаат при купување на боксерки

Бојата

Црната боја е секогаш најдобар избор за вашите боксерки. Потемните нијанси на боксерки изгледаат добро во комбинација со темни бои на фармерки. Додека, белите боксерки и полесните нијанси добро одат во комбинација со индиго тексас фармерка и беж панталона.

Ткаенината

Најголемиот дел од боксерките се направени од памук кој даваат свежина, мекост и удобност на вашето тело. Но, треба да знаете дека не се сите модели на памук подеднакви. Исто така, постојат и модели кој се синтетички, но едната половина е памук, а другата полиестер( за да траат подолг период).

Ротацијата

За крај, не чекајте да дојде Божиќ за да ги замените вашите омилени боксерки. Најдобро е да ги менувате боксерките два пати неделно, доколку располагате со поширок избор.

Најдобри брендови за машки боксерки

Calvin Klein

Uniqlo

Ralph Lauren

Björn Borg

Emporio Armani

Marks & Spencer

За авторот

Mr. N