Стил

Најбрзорастечки тренд во машката мода- патиките на FILA

Напишано од Mr. M

Брендот FILA одбра да ги врати во живот најголемите класици од светот на патиките FILA Disruptor и FILA V94m за прв пат оригинално претставени во 1996 година. Тие го направија својот comeback во исто време и со некои други брендови, можеби токму ова беше причината.

Се работи за модел од деведесеттите кој спаѓа во типот на т.н. ugly модели. Немојте погрешно да го сфатите името. Сепак станува збор за патики кои оставија трага во овој дел од модниот свет и ги поместија границите на високата мода.

Оваа сезона ги носиме со фармерки, тексас јакни, doggy панталони и во сите други комбинации кои зборуваат дека ретро е сега во мода. Покрај класичните FILA модели во бела боја, во тренд се и патиките со впечатливи бои, а девојките ќе добијат и такви со металик боја. Иако поминаа дваесет години откако FILA патиките го достигнаа својот врв, сега сеуште се носат со ист жар.

За авторот

Mr. M