Фитнес

Најчести грешки кои треба да ги избегнувате кога трчате

Напишано од Mr. N

Без разлика дали трчате за да ослабнете, за да се вратите во форма и да ја подобрите кондицијата, внимавајте да не ги правите овие чести грешки кои се прават кога станува збор за трчањето.

Јадење недоволно јаглехидрати

Трчањето бара многу енергија, која доаѓа од јаглехидратите. Пред трчањето, тие на телото му даваат енергија, поради што е потребно да се консумира 1 грам јаглехидрати на секој килограм тежина секој час пред вежбањето. За време на трчањето, пак, јаглехидратите се потребни за одржување на перформансите и пожелно е да се консумираат 45-60 грама на час.

Пред посериозни трки (како што се полумаратон, маратон и сл.), треба да се прави т.н carb-loading, односно „полнење со јаглехидрати. Ова е ефективно единствено ако се консумираат 10-12 грама на секој килограм тежина 48 часа пред трката.

Пиење само вода

Иако хидратацијата е важна, пиењето само вода за време на трчањето не му дава на телото сè она што му е потребно. Кога се потиме, губиме електролити како натриум, магнезиум и калиум, кои се витални за правилен пренос на информациите низ нервите, како и за функцијата на мускулите.

Избегнување на храна по трчањето

Многумина го занемаруваат обновувањето на енергијата преку храна веднаш по трчањето, што го забавува заздравувањето на телото и потенцијално влијае врз идните перформанси.

Се препорачува консумирање на јаглехидрати и протеин во сооднос 4:1 или 3:1 грама веднаш по вежбањето, а доколку немате време за спремање на храна, една чашка чоколадно млеко веднаш по трчањето е доволна да ја заврши работата.

Јадење премногу масна храна пред трчањето

Некогаш оние кои трчаат додаваат голема количина на маснотии во нивните оброци (како путер, сирења, енергетски барови полнети со путер од кикирики и сл.), што ја намалува ефикасноста на искористувањето на јаглехидратите како главен извор на енергија.

За авторот

Mr. N