Патувања

Најдобрата светска дестинација за живеење…

Напишано од Mr. N

Веќе втора година по ред, Виена е прогласена за најдобриот град за живеење.

Главниот град на Австрија ги доби речиси сите поени во истражување што опфаќа 140 градови од целиот свет. Во анкетата градовите биле оценувани според нивната стабилност, здравството, културата, околината, образованието и инфраструктурата.

На второто место се наоѓа Мелбурн, а ниту Лондон ниту Њујорк не успеале да се најдат помеѓу првите 40. Најлош за живеење е Дамаск, главниот град на Сирија, и тоа втора година по ред.

Само уште еден европски град се наоѓа помеѓу првите 10, Копенхаген во Данска кој го освои деветото место. На десетото место се наоѓа Аделаида во Австралија.

 

За авторот

Mr. N