Водич за патување

Најдобри европски плажи кои мора да ги посетите барем еднаш

Напишано од Mr. N

Италија, Португалија, Франција, Шпанија… Секоја од овие земји нуди голем избор на интересни плажи, какви што не може да најдете на други места.

Како и секогаш, ние ви ги претставуваме најдобрите 🙂

Чаја ди Луна, Понза, Италија

Една од најдобрите италијански плажи скриена на малиот остров Понза е Чаја ди Луна. Тука, локалните чамци за риболов ги заменуваат луксузните јахти, а локалното население го надминува бројот на туристите.

Спаџа ди Феџина, Монтеросо ал Маре, Италија

Тивка плажа обиколена со стрмни карпи, пастелни куќи и лускузни чамци за риболов.

Праја да Марина, Алгарва, Португалија

Со својот мек песок и карпестите, златни карпи, Праја Да Марина е една од најубавите, живописни дестинации во Европа. Ова место е исполнето со морски ѕвезди и разнобоен морски живот.

Калан Де Во , Касис, Франција

Нема нешто подобро од плажа на Азурниот брег. Помеѓу градовите Касис и Марсеј има широк простор за плажи, со заливи кои потсетуваат на фјордови заради белите карпи што ги опкружуваат.

Навагио, Закинтос, Грција

Покрај преубавата плажа, главна атракција на овој остров е зарѓаниот брод, напуштен пред неколку децении.

Палмизана, Свети Клемент, Хрватска

Наместо да одите популарниот Хвар, посетете го малиот остров Свети Климент збогатен со шармантни плажи, каде нема многу сообраќај.

 

 

 

 

 

 

За авторот

Mr. N