Задолжително Креатива

Најдобри начини како да ја искомбинирате белата кошула

Напишано од Nikola

Белата кошула претставува главно класик парче на облека кое може да го искомбинирате за секоја сезона или прилика. Веќе подолго време, ова парче облека заслужува место кај секој маж во неговата гардероба, и со сигурност може да се каже дека никогаш нема да ја напушти модата. Ако сте човек кој преферира бела кошула, тогаш вие сте на половина пат до обележување на вашата летна сезона.

Одите на состанок со девојка? Тимот на Friday МК ви препорачува да облечете бела кошула со копчиња искомбинирана со црно одело, тесна фармерка и удобна ципела. Исто така, може да го испробате и стилот на Џејмс Дин со неговата класик бела кошула, познатите мартинки и црната бајкерска јакна. Благодарејќи на неговата разновидност, ова парче облека е достапно на секој познат настан. Во продолжение, ви претставувам како најдобро можете да си ја искомбинирате белата кошула во секој временски период.

     Класичен стил

Одржавајте едноставен и лесен стил на облека преку комбинација на класична Оксфорд кошула со црна машна и панталони. Оваа комбинација дава поформален изглед, која овозможува да го изоставите вашето одело. Ако преферирате пак покежуал стил, тогаш подобро завиткајте ги ракавите и тргнете ја машната. Држете се до овој стил и пробајте да носите што помалку аксесоари, за да изгледате совршено како во летниот, така и во зимскиот период.

 Кежуал стил

За да дојдете до добра паметна кежуал опција, потребно е да содржите во вашата гардероба квалитетен пар црни фармерки, бела кошула со кратки ракави ( или долга кошула со завиткани ракави) и кафеав ремен. Можете да додадете и Авиатор наочари, како и кафеава ташна за да го комплетирате вашиот перфектен изглед. Доколку сакате поопасен изглед, ви препорачувам да додадете црна кожна јакна.

Паметен летен стил

Кога сметате дека црна машна и бела класик кошула станува досадно, а пак кежуал стил не ви го прави доволно меракот, тогаш најдобро е да ги искомбинарате овие две идеи за да го добиете вашиот летен смарт изглед. Ако сакате да оставите добар впечаток на работа или пак со девојка, добар избор претставуваат сивите панталони кои одат совршено со бела кошула. Добра опција ви се и бели патики, кои носат свежина и го подобруваат вашиот летен изглед.

 

 

За авторот

Nikola