Мода

Најдобрите дизајнери за машка елегантна гардероба

Напишано од The Gentleman

Денеска постојат голем број на модни брендови кои произведуваат квалитетна гардероба, но не на секој бренд, главната цел му е машката елеганција. Од луксузни колекции до врвни материјали. Овие шест брендови навистина ја поместуваат границата на елегантниот начин на облекување и квалитетот. Овие брендови диктираат трендови, но и класиката ја ставаат на пиедестал, како посебен традиционален начин на облекување кој никогаш нема да излезе од мода.

Доколку некогаш имате можност да купите одела или гардероба од овие светски познати брендови, верувајте нема да згрешите и нема да жалите за ниту денар. Еве ги најдобрите светски дизајнери за машка елегантна гардероба кои секој маж треба да ги знае.

Kiton

Овој бренд е препознатлив по произведување на најдобриот текстил во светот.

Childs

Роберт Чајлд, поранешниот директор на брендот Thom Browne, мината година ја претстави својата прва колекција. Дизајнерот од Њујорк креира машки модни парчиња како што се капути и костуми.

Tom Ford

Американскиот дизајнер претставува поим за машка мода, а особено кога станува збор машки костуми.

Zegna

Веќе подолго време овој бренд употребува врвни материјали. Во нивната најнова колекција, тие направија костуми инспирирани од скијачката опрема.

Burberry

Овој бренд оваа година ни донесе различни модели на машки капути, но овој модел на јакна кој ќе го видите на фотографијата дефинитивно се издвојува од сите.

Hermès

Станува збор за експерт во машката мода кој постави поинаков стандард во кожните машки модни парчиња.

За авторот

The Gentleman