Економија

Најголемите 6 инвеститори кои постоеле на светот

Напишано од The Gentleman

Во секоја индустрија од општеството може да се најдат голем број на личности кои оставиле силен печат, но како што е тоа во финансиите, не е никаде на друго место. Има милион приказни каде што побогатите инвестирале во некои помали проекти, а со текот на времето успеале од нив да заработат милионски суми на пари.

Сите ние сакаме да ги знаеме приказните за успешните и за тоа како стигнале до тоа што се денеска. Кога збриме за инвестирањето, сакаме да знеме како тие знаат каде и зошто да инвестираат. Еве ги најпознатите инвестироти кои некогаш постеле или сеуште постојат.

Бил Грос

“Да ја пронајдете најдобрата личност или најдобрата организација во која ќе сакате да инвестирате пари, е една од најважните одлуки кои треба да ги направите„

  • 74 години, основач на PIMCO

Познат под името “the King of Bonds” кој своето огромно богатсто го направил преку инвестиции кои го направиле еден од најдобрите инвеститори на сите времиња.

Питер Линч

“Твоите способности за инвестирање не ги добивате од Вол Стрит експертите, тоа е нешто што треба да го имате веќе во вас.

  • 74 години, генералем Менаџер во Fidelity Investments

Тој успеал вредноста на компанијата Fidelity Investments  да ја зголеми од 18 милиони на 14 билиони долари.

Ворен Бафет

“Ние едноставно се обидуваме да се плашиме кога другите се алчни и дека се алчни само кога другите се плашат”.

  • 87 години, основач на Berkshire Hathaway

Име кое верувам посотјано го слушате, бидејќи тој е еден од најуспешните инвеститори на сите времиња. Можеби поради причината поради која тој започнал со малку пари, а сега вреди 85 билиони долари.

Џон Џек Богл

“Мрачната иронија за инвестирање е тоа што инвеститорите како група не само што не го добиваат она што го плаќаат, туку го добиваме токму она за што не плаќаме”.

  • 89 години, основач на Vanguard Group

Неговото име било во топ 4 на листата на најдобри инвестироти на 20 век.

Хуи Ка Јан

“Треба да се фокусираме на инвестициите во развојот на младите”.

  • 59 години, основач на Evergrande Real Estate Group

Ова е еден од најбогатите личности во Кина. Тој е основач и акционер во една од најголемите агенции за недвижности во Кина која има повеќе од 500 проекти во 180 земји низ светот.

Бенџамин Грахам

“На краток рок, пазарот е машина за гласање, но на долг рок, тоа е машина за мерење.”

  • Живееле од 1894-1976, основач на Graham-Newman Partnership

Тој е познат како “Father of Modern Investing,”. Тој бил ментор на неверојатниот Ворен Бафет. Всушност, тој е самиот инвеститор на кој му се припишува концепт за “вредно инвестирање”, што во суштина се сведува на идејата дека треба да купиме хартии од вредност кои во моментов се недоценети за да се зголеми профитот што може да го генерирате кога тие да станат целосно реализирани и профитабилни организации.

За авторот

The Gentleman