Фитнес

Најкраткиот пат до здраво и фит тело за на плажа

Напишано од The Gentleman

Без разлика на тоа во колкава мера сме оптеретени со нашиот физички изглед, сите би сакале да го покажеме најдоброто од себе на плажа. Но, како што се наближува летото, сè помалку време останува за обликување на телото онака како што би сакале ние, без да го загрозиме нашето здравје. Изгладнувањето и прекумерното вежбање не само што не можат да дадат долгорочни ефекти, туку можат сериозно да му наштетат на телото.

Светските експерти редовно сугерираат дека исхраната е најголемиот фактор кој влијае на нашиот физички изглед. Ова секако не значи дека треба да го занемарите вежбањето. Напротив, треба да го комбинирате со правилна и здрава исхрана за максимум резултати во обидите да го доведете телото во топ форма.

Овој концепт не е воопшто нов или непознат. Но, се чини дека на повеќето од нас нѝ треба потсетување дека сета енергија која ја трошиме со физичките активности може да даде многу подобри резултати со правилна исхрана. Исто така мораме да се потсетиме дека „правилна исхрана“ не е синоним за диета, туку за практикување на поквалитетна исхрана на долг рок.

Што значи квалитетна исхрана?

Некои видови храна имаат особено позитивен ефект за топење на масти и развивање на мускулно ткиво.

Протеини

Протеините се основа за квалитетна исхрана и одлично влијаат на процесот на раст и регенерација на мускулите. Тие се најдобрата храна која можете да ја внесете во својот организам ако сакате да го доведете телото во топ форма.

Аминокиселини

Аминокиселините се есенцијален дел од човечкото тело. Тие се одговорни за производство на сите телесни ензими и играат клучна улога во нашите секојдневни активности, концентрацијата, спиењето. Внесувањето на аминокиселини во облик на суплементи е особено важно без разлика дали вежбате и спортувате рекреативно или професионално, бидејќи помагаат во опоравувањето и го градат и развиваат мускулното ткиво.

Глутамини

Глутаминот е крал на аминокиселините. Внесувањето на глутамин како додаток во исхраната го поттикнува телото дополнително да излачува хормон на раст, кој го засилува растот на мускулатурата и истовремено ги согорува маснотиите. Глутаминот исто така го појачува и одбранбениот систем на телото. За време на интензивни тренинзи нашето тело троши многу глутамин, па затоа е важно да му обезбедите оптимална количина од оваа аминокиселина.

Јаглехидрати

Јаглехидратите му служат на телото како извор на енергија за изведување на сите телесни активности и одржување на важните животни функции. Имаат исклучително позитивни ефекти за забрзување на опоравувањето на телото од силен напор како што е интензивното вежбање. Идеално е да се комбинираат со протеини.

Конјугирана линолна киселина

Конјугираната линолна киселина (КЛК) припаѓа на групата масни киселини. Има извонредно позитивен ефект во градењето на мускулите и намалување на мастите, а ефектот е уште поголем доколку се комбинира со редовни тренинзи. КЛК е многу силен антиоксиданс, анти-канцероген, анти-катаболит и засилувач на имуниот систем.

Л-Карнитин

Л-Карнитинот се синтетизира во телото од аминокиселините лизин и метионин. Тој ги пренесува долгите ланци на масни киселини до митохондриите каде можат да бидат оксидирани за производство на енергија. Л-Карнитинот го намалува чувството на умор и го засилува аеробниот капацитет, со што помага во согорувањето на повеќе калории.

Дали има потреба да користите додатоци во исхраната?

Употребата на додатоци во исхраната не само што е корисна, туку е и неопходна во период на интензивна физичка активност кога телото троши многу повеќе отколку што можеме да внесеме преку храна. Додатоците во исхраната се клучни за брзо и ефикасно постигнување на топ форма, на здрав начин.

Откако ќе ја добиете неопходната поддршка за побрзо остварување на вашите спортски и лични цели, на вас останува само да бидете истрајни. Се гледаме на плажа!

 

За авторот

The Gentleman