Омилени места Успешни приказни

НАЈКРЦКАВОТО ПИЛЕШКО НА KFC ОТСЕГА И ВО ГАЗИ БАБА

Напишано од Mr. M

Најпознатиот ланец на ресторани, KFC, денес официјално го отвори својот втор “drive thru” ресторан во Скопје и петти ресторан во Македонија. Отсега највкусното пилешко можете да го најдете и во скопската населба Гази Баба, во склоп на бензинската станица на ОКТА, во близина на хотелот Континентал. Уште од првиот ден, новиот KFC се исполни со верните потрошувачи, а препознатливата арома на крцкаво и сочно пилешко ги израдува сите.

Ресторанот е на одлична локација и ќе им овозможи на сите кои се во брзање, да го купат својот омилен оброк и без да излегуваат од својот автомобил, или, пак, да уживаат во вкусните специјалитети од пилешко во автентичен и иновативен ентериер добро познат за сите KFC ресторани во светот.

По повод отворањето на ресторанот, генералниот менаџер на KFC во Македонија, Дане Тодоровски изјави:

„Политиката на KFC е секогаш да понуди производи со врвен квалитет и да биде поблиску до своите купувачи. Затоа, од исклучително значење е отворањето на петтиот ресторан да биде на лесно достапна локација за сите кои живеат или доаѓаат во Скопје. Од тука можеме да ветиме дека во новата 2020 година, KFC ќе ја израдува македонската јавност и со ресторани во другите градови и многу нови изненадувања.“

Маркетинг менаџерката Жаклина Герасимовска, пак вели дека:

„Особено радува фактот што веќе е отворен петтиот ресторан на KFC во Македонија и втор “drive thru за многу краток период. Нашиот пристап да сме секогаш поврзани со нашите потрошувачи и да градиме пријателства кои траат, се покажа како рецепт за успех и во Македонија. И понатаму продолжуваме со добро познатиот квалитет и препознатливост на нашите производи за да се доближиме до секој еден љубител на квалитетна храна и добра забава.“

KFC има свои ресторани и во City Mall, Ramstore Mall, Point Retail Park и Palma Mall.

За авторот

Mr. M